Проектот Скопје 2014 повторно е повод за меѓупартиски препукувања. Со обвинувања на сметка на СДСМ денска со соопштение истапија од ВМРО ДПМНЕ.
“СДСМ во 1997 година изгласа ДУП за Мал РИНГ со кој се предвидуваа многу повеќе објекти отколку со проектот “Скопје 2014”. Ова ја покажува дволичноста на СДСМ. Едно поддржуваа пред 15 години кога беа на власт, а друго говорат денес.
Во време кога СДСМ беше на власт во општина Центар, архитектот Мирослав Грчев во 1997 година предложи проектантски план на конкурс за Мал Ринг, за потоа како градоначалник лично тој да го даде на Советот на општина Центар за да го изгласа. Планот за мал Ринг не е само план на Мирослав Грчев, туку е и план на СДСМ, бидејќи истиот е поддржан од мнозинството советници на СДСМ истата таа 1997 година.
Скандалозно е што СДСМ за се што досега го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ за проектот “Скопје 2014”, претходно го имаа поддржано гласајќи го ДУП предложен и проектиран од нивниот тогашен градоначалник, Мирослав Грчев” се вели во соопштението на владеачката ВМРО ДПМНЕ.