„Мирослав Шиповиќ како претседател на Советот требаше денес да излезе со осуда и да се извини поради попречувањето на присуството на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, предизвикано од страна на активисти на СДСМ и ЛДП“, возврати ВМРО – ДПМНЕ на прашањето на Шиповиќ дали инцидентот кој ги спречил нивните советници синоќа да учествуваат на седницата е привен во полиција.
>>Шиповиќ: Дали ВМРО – ДПМНЕ го пријави во МВР инцидентот?
„Ако Шиповиќ не знае кои се тие луѓе како што вели, го повикуваме заедно со Андреј Жерновски да ги повика на утрински состанок во општината партиските активисти, кои се на платниот список на општината и на терет на граѓаните на Центар и нека ги праша зошто не дозволија учество на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Советот“, велта од МВРО – ДПМНЕ.
Од паријата бараат Шиповиќ да каже кој се офајди од милионите евра од кириите овие дваесет години, дали искрено сметаат дека некој може да верува дека петте дрва може да се причина за ова насилство кое СДСМ го промовира и го упатуваме ако нема одговор на ова, пак да се консултира со Бранко Црвенковски, како што секојдневно прима наредби од него.