Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ со предлог-ребаланс на буџетот за Центар

0
By Нова ТВ on August 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Го повикуваме Жерновски како градоначалник и мнозинството на СДСМ, да го прифати предложениот ребаланс и на тој начин да допринесе за зголемувањето на зелените површини во Општина Центар, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е едно практично решение кое Жерновски треба да го прифати, во спротивно ќе сметаме дека Жерновски блефира и во целост ќе се разобличи неговиот нечесен и неодговорен пристап кон граѓаните на Општина Центар, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Со оглед на следните факти:

1. Дека градоначалникот Андреј Жерновски континуирано се обидува да создаде партиски конфликти помеѓу граѓаните на Општина Центар.

2. Не ги решава проблемите, туку нив ги злоупотребува за своја лична промоција.

3. Општина Центар нема проекти кој што значат креирање на нова вредност во општината.

4. Градоначалникот Жерновски сам се прогласи за ненадлежен градоначалник. Со оглед на овие факти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на следната недела ќе предложи ребаланс на буџетот на Општина Центар.

Целта на овој ребаланс е средствата во висина од 9 милиони и 835 илјади денари, кои државните институции веќе ги имаат уплатено на сметката на Општина Центар, да се искористат за прецизна и конкретна намена.

Намената на овие средства според нашиот предлог би била за обновување и подигнување на нови јавни зелени површини на територијата на Општина Центар.

Со овој предлог на граѓаните ќе им овозможиме околу своето место на живеење да имаат многу повеќе зеленило, а на градоначалникот Жерновски ќе му оневозможиме да креира континуирани конфликти и кавги заради сечењето на петте стари дрва.

На сметката на општина Центар, чиј градоначалник Андреј Жерновски сега се противи на изградбата, по основ комуналии за изградба на зградата за СРД, на 10-ти и 11-ти јуни се легнати 9 милиони и 835 илјади денари. Жерновски иако вербално се противи на изградбата, сепак овие пари не ги одбива, туку напротив, ги инкасира во општинската каса. Државните институции и дале пари на општината и Жерновски веќе располага со овие средства. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага овие средства наместо да се користат за непотребни партиски вработувања, да се искористат за она што граѓаните би имале полза.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има конкретен предлог.

Согласно член 43 став 3 од Законот за локална самоуправа, член 29 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и согласно Статутот на општина Центар и Деловникот за работа на Советот на општина Центар, како членови на Советот на општина Центар, поднесуваме Иницијатива за ребаланс на Буџетот со кој предлагаме парите кои општината Центар ги добила по основ на комуналии за изградба на овој објект, во висина од 9 милиони 835 илјади денари да се наменат за обновување на јавните зелени површини и нови садници на територијата на општина Центар.

Со ова предлагаме во Општина Центар да се насадат далеку повеќе дрва со парите кои општината веќе ги има и располага, а ги доби по основ на комуналии за изградба на зградата на СРД.

Така граѓаните на Општина Центар ќе добијат далеку поголеми зелени површини од една страна, а од друга страна ќе се изгради репрезентативен објект на државна институција и ќе се оствари заштеда на буџетот на државата по основ на кирии. На овој начин ќе се исполни интересот и на граѓаните и на општината и на државата, а ќе се избегнат непотребните конфликти кои СДСМ и ЛДП свесно ги креираат, вели владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.