Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека додека траеле преговорите за името со Грција, Владата ги задолжила граѓаните за 7,1 милиони евра.
–Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Опозицијата ја обвинува власта дека не ја информира јавноста за што се трошат парите од задолжувањето.