Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со новата еврообврзница го задолжува секое семејство со по 2.400 евра

0
By Нова ТВ on March 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ и Зоран Заев не работат ништо за доброто на граѓаните и државата. Единствено нешто за кое се способни е само да ја задолжуваат државата. За само два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони. Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 150 милиони евра нов долг. Ова уште и означува дека СДСМ и Заев едно четиричлено семејство за една година има нов долг од 2.400 евра плус камати, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата нема абер да ја стабилизира економијата, нема вакцини, нема враќање во нормала.

-Уште повеќе загрижува податокот за бруто инвестициите, кои во 2020 година се намалени за 10,2% во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година за 13%. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции. Како да сето ова не им беше доволно па уште без никаков срам се фалат дека камата за овој долг била историски најниска до сега. Уште една манипулација. Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки. И двете земји со позајмените пари ги плаќаат вакцините кои навреме ги договорија и дистрибуираа до населението. Сето ова што СДСМ и Заев им го прават на граѓаните ќе следи одговорност. Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот, се вели во соопштението.

0

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.