Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ во одбрана за законите за медиуми

0
By Нова ТВ on July 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во врска со расправата поврзана со донесувањето на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и Законот за медиуми ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:

Процесот на подготвување на текстот на овие два закони, јавните расправи, консултациите и усогласувањата со домашни и меѓународни заинтересирани субјекти трае повеќе од година и половина. Во тек на овој период одржани се повеќе јавни расправи, но и директни средби со голем број на здруженија, асоцијации и заинтересирани субјекти. Во рамките на текстовите на овие предлог закони се вградени огромен број на забелешки и препораки кои доаѓаа и од ОБСЕ и од Советот на Европа, но и од здруженијата и асоцијациите на новинарите, на приватните електронски медиуми, на локалните и регионални радиудифузни друштва, на интернет провајдерите итн.

>>Макрадули: ОБСЕ го демантираше министерот Ивановски

>>Мијатовиќ:Нема потреба да се дефинира со закон кој е новинар

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на македонското Собрание да се организира одделна јавна расправа за двата закони. Цениме дека тоа е правилниот начин како може да дојде до понатамошно подобрување на текстот на овие два исклучително важни закони. Потврдуваме дека, како и до сега, сите конструктивни идеи и предлози ќе најдат место во финалната верзија на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и Законот за медиуми. Со посебно внимание повторно како и до сега ќе се осврнеме на сите забелешки и идеи кои ќе доаѓаат од меѓународните организации, но и од здруженијата и асоцијациите на новинари во Република Македонија.

Ја повикуваме опозицијата наместо со напади по се и по било која цена, во еден разумен и конструктивен процес да се вклучи во донесувањето на овие два закони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.