Со развиорени партиски знамиња членството на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ја прославуваше победата на нивниот кандидат за претседател на државата во првиот круг од изборите. Прославата која започна пред општинскиот комитет на партијата, продолжи по улиците низ градот и градскиот плоштад.
„ВМРО ДПМНЕ во континуитет освојува уште една голема победа во првиот круг на овие претседателски избори, со што најавуваме уште поголема победа како на претседателските така и на парламентарните избори.
Ние сме голема партија и ВМРО ДПМНЕ во Охрид е многу организирана партија. Ние покажавме дека знаеме да сработиме. Со покажуваме дека патот по кој сме тргнати како партија и како локална самоуправа е единствено исправен пат , рече претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Охрид Атанаско Михаилов.
Во Охрид, Ѓорѓе Иванов освои 17301 глас, Стево Пендаровски 11418 гласа, Илијаз Халими 348 гласа и Зоран Поповски 650 гласа. ВМРО- ДПМНЕ утре вечер ќе одржи митинг за парламентарните избори.