Соопштението на партијата на Тито Петковски е врв на лицемерието, реагираат денеска од ВМРО – ДПМНЕ на предлогот на НСДП за распишување на референдум за граѓаните да се изјаснат дали се за зеленилотот или за барокните градби.
„Кога стануваше збор за политичко прашање од исклучително високо национално и државно значење, за прашањето за името, Тито Петковски не само што беше против референдум, туку и плукаше и ги навредуваше сите што се за опцијата граѓаните да го дадат своето мислење на референдум. Денес, кога станува збор за прашање дали требало да се гради една зграда или не на местото на пет дрва, Тито Петковски повикува на референдум, велата во ВМРО – ДПМНЕ.
>>НСДП предлага референдум: Зеленило или барок
Според нив Тито Петковски треба да и објасни на јавноста како пет дрва во Општина Центар пред станот на неговиот соработник Горан Мисовски се поважни од името на државата, за во едниот случај да повикува на референдум , а во другиот случај да се противи.