Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев си го покажува своето вистинско лице

0
By Нова ТВ on April 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Со секој поминат ден граѓаните разбираат колку овој човек е полн со агресија, со гнев, со паника, граѓаните разбираат колкава нервоза има кај Зоран Заев и колкав страв има од поразот на изборите. Зоран Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

>>Заев: Даночното затајување на Груевски е казна затвор минимум 4 години

– Зоран Заев ги потврдува многуте наши прес конференции за него и неговиот начин на кој работи. Овој Зоран Заев, кој деновиве може да го видат сите граѓание, всушност е иститот Зоран Заев кој е аболициран за криминал од повеќе од 8 милиони евра, е истиот Зоран Заев кој се закануваше дека живи луѓе ќе јаде, дека ќе се пука. Овој Заев е оној Заев кој се закануваше дека од чистачка па нагоре ќе ги брка сите од работа.

– Овој Зоран Заев е истиот Зоран Заев кој си делел огромни тендери на фирмите на неговиот татко, чичко, брат, братучеди, снаи. Овој Зоран Заев е истито оној кој не знае колку пари и имот има тој и неговата фамилија. Овој Зоран Заев е вистинскиот Зоран Заев. Добро е што граѓаните имаат можност да го видат. Добро е што сам, носен од срамот и гневот од изборниот пораз, си го покажува вистинското лице.

– Граѓаните на Република Македонија на 13 Април со огромниот пораз му упатија јасна порака, но Заев не ја разбра и не сака да ја прифати, затоа на 27 Април пораката, односно неговиот пораз, ќе е уште поголема и уште појасна, реагираат од владечаката ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес – конференција Заев истакна дека Груевски организирал продажба на Македонска банка, а ниту бил акционер, ниту бил сопственик, туку само претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ја продал банката зад грбот на акционерите и зад грбот на директорот на банката. Никола Груевски од продажбата на Македонска банка лично земал КЕШ од милиони евра, изјави Заев.

Тој констатираше дека само за даночно затајување, Никола Груевски направил дело коешто, согласно кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.