Марин Гавриловски: Една моја професорка во средното училиште велеше „се ископрца за едно двојче“. Така некако може да се каже и за првите 100 дена од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Или „ајде, еве една преодна оценка за да се трудиш повеќе“. Мицкоски и неговиот тим треба да се трудат многу многу повеќе во иднина ако сакаат да останат на власт и да ги реализираат ветувањата што ги дадоа кон граѓаните. За разлика пак од нив, опозицискиот СДСМ ги живее најлошите денови од своето постоење. За 100 дена тие ниту се консолидираа ниту пак гукнаа нешто против власта. Тука се, а како да не се. Линк