НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вмро е глупост што мораме да ја фатиме за опашката ако не сакаме да нѐ изгризе!

0
By Marta Pesevska on February 25, 2024 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Дикот на Даштевски регистрирал 11 кандидати за претседател на државата.

Добро, граѓаните имаат уште десетина дена да се решат да тргнат по патеките на Водно, не во рекреативни прошетки, туку во тешки искачувања на македонската политичка Аконкагва, но, сеедно, поголеми се турканиците за месо во бројните продавници околу „Бисер“ и „Капитол“ отколку за функцијата шеф на државата.

И тоа по скапо месо.

Не ми се верува.

Толку месо да се јаде.

И тоа во време кога „никогаш не било полошо“.

А јас сум на рагу од зеленчуци и њоки.

Па тоа не е здраво.

Мислам на месото, не на рагуто.

Да не се оние торби на тркалца, не знам како сиромасите би однеле дома толку месо, чварки и варена сланина.

На толкава беда.

Одат и се жалат дека такво некое време дошло што нема што да се јаде.

Дека ненародната власт ги опљачкала со зголемените плати и пензии помали од 78 отсто и попатно ги оставила без идентитет.

Прашав една жена што излезе од месарницата на „Кораб“ со половина вол од марката „Трајко“, што е по националност, таа ми рече дека е Македонка.

Па, во што е проблемот, госпожо, ја прашав.

Не сакам да јадам вол од Северна Македонија.

По, зошто купивте пола „Трајко“!?

„Трајко“ е од Македонија, господине, не е од Северна, кога „Трајко“ бил теленце, Северна не постоела.

Океј, фала, убав апетит ви посакувам.

Хахаха!

Потоа чекаат место на терасата на „Голден роуз“.

Да се испружат на пластиката покриена со модри сунѓери и да јадат палачинки со нутела, банани и кршен орев.

И така, драги мои, слабиот интерес за касарната на Водно ќе остане сеедно што на единаесетмината величествени наскоро ќе им се приклучат главните кандидати: Силјановска и Пендаровски. Значи дека во борба ќе имаме 13 кандидати што за суеверните Македонци кои мислат дека се христијани, е лош знак, особено за оние кои не знаат дека на 13-ти е роден нивниот омилен Тричко.

Тринаесет е среќен број.

Освен ако не си прасе.

Да не е неверојатниот мерак на Мицковски нема кој да конкурира и за премиер.

Во политичката историја на Европа не е забележан мерак со помало покритие во интелектуалната моќ и моралниот капацитет. Со способност да се справи со една функција. Освен, можеби, кога јас сакав да бидам главен оперативец во Контролата на летањето на Аеродромот во Франкфурт.

И шеф диригент на Виенската филхармонија.

Мицко  е ко дете кое ја влече мајка си за фустанот на касата во „Веро“ и бара да му купи чоколадца „животинско царство“ со сликички.

Или киндер јајца.

А мајка му му вика: не сине, мама ќе те прави премиер!

Добро, тука е и Ковачевски, по службена должност, би рекол, и по логиката на генералната политичка ориентација која треба да ја однесе Македонија во Европа. Не на Пирин планина како што планира Жмицко. Што, можеби, не би било лошо како што се чини на прв поглед: зелени ливади исшарани со жолти попадии и розеви зумбули, еделвајси по врвовите, мечки за забава на децата и за чување на кокошките, чист воздух, голема нужда покрај дебелите буки, тоа е, не знам дали сте пробале, поголемо задоволство од ручекот на цел „Трајко“ за 8.000 денари, а и тоа ќе го има на нашиот Пирин, баба која секој може нешто да ја праша или да ја земе за пријател на некој квиз, па засади и пљачка на некои олигарси или министри претседатели од Софија, во отсуство на турски карвани.

Лепота жувлеунја!

Можеби и некој од албанскиот блок ќе се јави да им го крене притисокот на  македонските патриоти од најновиот модел блутек дизел идиоти, некој нормален, добар и професионален човек, како Бујар во претседателската трка,  што за вмороните е пострашно од земјотрес шестка по Рихтер.

Но, јасно е дека битката ќе биде меѓу Фишер и Карпов при што, овие генијалци ги споменувам само за да ја илустрираат идејната и геополитичка ориентација на кандидатите.

Што е битно.

Затоа  што исправната генерална отиентација е контекст во кој дневните глупости полесно ќе ги исправаме отколку што генералната ориентација ќе ја погодуваме, ако изборот го направиме врз основа на дневните глупости.

Всушност, втората опција е невозможна.

Мицко е можен, но Македонија под тој човек со коњски лопатки на очите – не!

Дали се разбираме?

Јас не би бил, не кандидат, туку премиер, таман да дојдат со фанфари, мерцедеси маржореткињи и ордени по мене. Со Моника Белучи и со ветување дека платата ќе ми ја зголемат за 98 отсто.

Не сум сигурен дали ќе можам да се исконтролирам кога на прес конференција некоја диригирана кретенчуга ќе ме праша дали е точно дека планираме да изградиме железничка линија до Месечината со пари од Пензискиот фонд на Македонија.

Во директна спогодба со Инуитите од Арктикот, значи без тендер.

Како пљачка на народните пари.

И да работам од сабајле до сабајле без 100.000 евра годишна плата, плус бонуси, картички и други привилегии.

Да ме заебава секоја шуша!?

Мислам дека во Македонија нема новинар пред кој би можел да се воздржам да не го заебавам. На сериозни теми што шупелката ги покренува како гол детски пенис на плажа во Свети Стефан.

Хахаха.

Да се обврзам дека ќерка ми, која е попаметна од Генералната вештачка интелигенција, нема да се вработи на пристојно работно место за да нема непотизам?

Јебо вас непотизам.

Зошто не сум го затворил Сашота?

Или Орка китот од Систина?

Сакам на крајот да кажам две работи:

Прво, наспроти наметнатата, повторувам наметнатата перцепција, во Македонија никогаш не се живеело подобро!

НИ КО ГАШ!

Второ, наспроти наметнатата перцепција, никогаш не сме имале подобра влада.

НИ КО ГАШ!

Проблемите што таа влада од времето на Заев, особено од неговите неповторливи подвизи за растурање на македонските кругови на безизлезот и од продолжената европска агенда на Ковачевски, Ахмети, Маричиќ и Османи, со своето дејствување или  недејствување ги предизвика, не се мали, но владата покажа демократски капацитет и кооперативност, грешките да ги исправа и истовремено да го шири просторот на слободата и правата на луѓето и да работи во нивен интерес. Многу сме далеку од идеалното. Тоа е всушност неостварливо. Особено ако луѓето се без иницијативи и комплетно препуштени на очекувањата некој од надвор да им ги реши проблемите. Државата. Но контекстот е добар и дури, би рекол, неповторлив.

НЕ ПОВ ТОР ЛИВ!

Сосема поинаков од тој што ви се појавува во измиените мозоци.

Грешките не се или не би смееле да бидат причина да ја отераме у пизду материну целата држава.

Луѓето се опчинети, заведени, паѓаат на сцената како верниците под магичната рака на евангелистичкиот пастор.

Но, ХМ не е пастор.

Тој е глупост што треба да ја фатиме за опашката и да ја вртиме ако не сакаме да нѐ изгризе.

Каков премиер, какви бакрачи.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.