ВМРО-Народна партија најави кривични пријави за директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија, доколку не се промени методот за изборното медиумско претставување на кампањите.
– ВМРО-Народна партија ќе поднесе кривични пријави на директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија ако не постапат согласно членот 76а од Изборниот законик каде што јасно се дефинира дека времето за претставување на кампањите на политичките партии се одредува според резултатите од последните парламентарни избори, стои во ракцијата на партијата.
Партијата е децидна дека не може агенцијата и МРТВ да го толкуваат Изборниот законик и членот 76а како што нив им одговара.