Многу поважно да ги видиме во јавност соработниците на УДБА и ДБК од времето кога се формираше токму ВМРО ДПМНЕ, регираат денеска од ВМРО-НП по спроведувањето на процесот на лустрацијата во Р.Македонија.
Според нив за жал досега под удар на лустрацијата се наоѓаат само членови на бившата комунистичка власт.
Добра основа за почеток е досието ,,Рашомон“ од кое сите ние ќе можеме многу да научиме и затоа ВМРО-НП инсистира истото под итно да биде разгледано на првата наредна седница на комисијата за лустрација и потоа според законската регулатива да и биде дадено на увид на целата македонска јавност.
>>Кодошот е „Рашомон“ или Драган Богдановски
На овој начин лустрациската комисија за миг би ги оставила настрана бившите комунисти и препознатливи соработници на тогашниот систем и би ги разгледала досиеата на основачите на ВМРО ДПМНЕ.
Сметаме дека многу поважно за македонската демократија ќе биде да ги видиме тие кодоши кои во времето на формирање на ВМРО ДПМНЕ и независноста на Македонија само декларативно се залагаа за плурализам и демократија, а всушност одвнатре се обидуваа да го разнебитат и ВМРО ДПМНЕ и македонската држава спроведувајќи ги директивите на тогашната УДБА и ДБК во насока на минирање на идеите и визијата на лидерот Љубчо Георгиевски.