Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП: Владата на Груевски само лелека и плаче

0
By Нова ТВ on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-НП е зачудена од молкот презентиран од македонскиот дел од владата преспивајќи го овој мошне значаен период пред Самитот што треба да се одржи на 27 и 28 јуни во Брисел.

Според оваа партија единствената активност е лелекот и плачот што Македонија нема да биде на дневен ред на Самитот, притоа постојано префрлувајќи ја вината и барајќи ја одговорноста во измислените непријатели на Македонија.

ВМРО-НП ја поздравува искреноста и транспарентноста на вицепремиерот на Владата Фатмир Бесими на седницата на Националниот совет за евроинтеграции каде што јасно од прва рака ја убеди и ѝ обзнани на целата македонска јавност дека проблемот со името не е единствената пречка за нашата евроатланска интеграција.
 
„Господинот Бесими јасно ги посочи сериозните проблеми со судството и законодавството, катастрофалната состојба во однос на слободата на медиумите, непостоењето договори за добрососедски односи, лошата економска состојба (највисоката стапка на сиромаштија и невработеност во Европа), како и екстремно ниското ниво на меѓунационалните односи во Македонија.

– Ние во ВМРО-НП констатираме дека горенаведените проблеми се многу посериозни, покомплексни и можат да предизвикаат многу поголеми и далекусежни последици отколку спорот со името. Имаме чувство дека проблемот со името служи само како катализатор преку кој не може да излезат на површина ваквите реални сериозни проблеми што ја изолираат Македонија“, сметаат од ВМРО-НП.
 
ВМРО-НП ја поддржува мултинационалноста и граѓанскиот концепт кој денес е реалност во Македонија и се согласува со ставот на Бесими дека само Македонците не можат да поседуваат монопол и ексклузивитет во однос на проблемот со името бидејќи таквиот проблем ги засега сите граѓани што живеат во Македонија, а Албанците, како што велат, досега се покажаа како „извонредно конструктивен фактор и имаа огромно разбирање за националните чувства на Македонците“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.