Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внимание: За граѓаните најзначајни споменици на културата во Скопје се Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, Аквадуктот, Скупи и ГТЦ

0
By Marija Todorovska on April 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На светскиот ден на културното наследство екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните – Кои се најзначајни споменици на културата во Скопје, во Македонија, и кое е најважно културно наследство во светот?

Најчесто споменувани одговори од анкетираните граѓани за споменици на културата во  Скопје се : Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, но граѓаните ги спомнуваат и Аквадуктот, Скупи, Старата железничка станица, ГТЦ, црквата Свети Спас, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, па и поновите споменици кои не се дел од културното наследство.

Како најважни во Македонија граѓаните ги спомнаа Стоби, Самуиловата тврдина, Хераклеја, Канео, манастирот Свети Наум, Плаошник, Кокино, гробот на Тоше Проески и спомен куќата, Марковите кули, Македониумот во Крушево.

Најважно културно наследство во светот за граѓаните е пред се јазикот, па пирамидите во Египет, Колосеумот, Статуата на слободата, Кинескиот ѕид, Ајфеловата кула, Кривата кула во Пиза, Мона Лиза, шумата Амазон, споменикот на Исус во Рио де Жанеиро.

Граѓаните даваат интересни одговори и на прашањата „Кога сте посетиле некој споменик на културата?“ и „Кога последен пат сте биле во музеј?“

Некои одат редовно во музеј, а некои биле од пред неколку години. Како последни посетени музеи ги спомнаа Археолошки музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на современа уметност, а од странство, посета на музеи во Прага, Белград и други.  

Како последни посетени  споменици  на културата граѓаните ги посочуваат: Аквадуктот, манастири и цркви, Стоби, а од странство Аја Софија во Истанбул, Капали чаршија, Колосеумот во Рим и други. 

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

Преземено: ТРН.мк

анкета култура споменици Трн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.