Азодикарбонамид е прав кој може да биде со жолта, портокалова или црвена боја, а служи како адитив за храна. Познат е под бројот Е927. Станува збор за хемиски спој за избелување на брашното. Истовремено се знае дека овој адитив донесува и ризик за појава на асма, па поради тоа е забранет во огромен дел од земјите, вклучувајќи ја и Европската унија. Дозволено е во САД кои се често критикувани поради тоа, но истовремено не постои листа на земјите и компаниите која се води редовно и која вклучува фирми и држави во кои ова е дозволено. За Македонија не е познато, но еве едно поучно видео кое предупредува на опасностите. Тоа, или редовно да внимавате на етикититетна производите за случајно да не наидете на Е927 ознаката.