Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека во голема полициска акција е запленета голема количина на дрога вредна над 800 илјади евра.
Спасовски додава дека акцијата е во соработка со колегите од американската агенција за борба против наркотици ДЕА.
-Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ.
Според информациите во операцијата приведен бил командир од прилепската полициска станица.