Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во банките се чуваат над 418 милијарди денари – депозитите растат и во време на криза

0
By Нова ТВ on October 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418.644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.

Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278.469 милиони денари, од нив денарски се 145.806 милиони денари, а во странска валута 132.663 милиони денари.

Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112.505 милиони денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79.641 милион денари, а во странска валута 32.865 милиони денари.

Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето – 30 Октомври.

Граѓаните имаат доверба во банките, тоа го покажуваат податоците за пораст на депозитите.

На месечна основ во септември бележат раст од 0,7 отсто, што е резултат на зголемување на депозитите на секторот домаќинства при умерен раст на депозитите на корпоративнитот сектор.

Вкупните депозити на домаќинствата, во септември, се зголемени за 1,0 отсто на месечно ниво, главно под влијание на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен, но помал придонес и на останатите компоненти. На годишно ниво, депозитите на домаќинствата растат за 6,1 отсто, во најголем дел поради зголемувањето на депозитните пари, како и краткорочните
депозити во странска валута, при остварен пад кај останатите компоненти.

Износот на депозити во септември минатата година е 394.472 милиони денари, од кои на домаќинствата биле 262.458 мииони денари, а на корпоративниот сектор 104.178 милиони денари.

Годишната стапка на раст на депозитите изнесува 6,1 отсто при што има раст и кај двата сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Банкарскиот сектор во земјава се оценува како стабилен. Годинава ја одбележа пропаѓањето на Еуростандард банка, на која и беше одземена дозволата во август, но депозитите покажуваат раст и после овој настан, како и во време на здравствената криза предизвикана од Ковид 19.

Штедачите, согласно закон, од пропадната Еуростандард веќе се обештетуваат, а според информациите од некои од банките преку кои се врши овој процес, дел од штедачите одлучуваат да ги дадат депозитите во друга банка.

-Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот. Банките и штедилниците продолжуваат да се грижат за клиентите – штедачите и кредитокорисниците и во услови на ковид-пандемија, оценуваат од Македонската банкарска асоцијација, од каде порачуваат дека силна и независна централна банка е клучен столб за стабилност, раст и развој на секоја економија и претставува јавно добро од висок интерес за секое општеството.

– Во изминатиот период сме сведоци на обиди за задирање во професионалниот пристап на работење на Народната банка. Со тоа се доведуваат во прашање и европските постулати и високите меѓународни стандарди на централнобанкарското работење, коишто се гаранција за макрофинансиската стабилност. Оттука, Македонската банкарска асоцијација во името на сите банки и штедилници во земјата, изразувајќи загриженост од ваквите појави, апелира до сите општествени чинители да не се дозволи да се доведува во прашање поставеноста и начинот на работа на централната банка, коишто во согласност со европските стандарди и регулатива се законски гарантирани, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Оценуваат дека важноста на независноста и професионалноста на Народната банка, постојано се нотирани од меѓународните финансиски институции, како и од Европската Унија. Истовремено, континуирано се високи и позитивни и нивните оцени за остварувањето на целите и задачите на Народната банка, како и за усогласеноста на севкупното нејзино работење со највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Вклучително и во текот на актуелната ковид-криза, кога уште еднаш се потврди дека Народната банка, суштински е стожерот на финансиската и севкупната макрофинансиска стабилност.

Позитивни оценки за банкарскиот сектор имаше и во извештајот на Европската комисија. -Банкарскиот систем останува добро капитализиран и ликвиден, со стапка на адекватност на капиталот којашто го надминува регулаторниот минимум. Квалитетот на кредитното портфолио, според оцените на Комисијата се подобри во изминатиот период, при што е намалено учеството на нефункционалните во вкупните кредити на банкарскиот систем, се наведува во Извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.