НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Белград без инциденти, а во Нови Сад полицијата на комеморативната прошетка употребила шок бомби, студенти и граѓани биле претепани

0
By Marija Todorovska on September 2, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот X
Фото: Скриншот X
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата – повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе до масовни протести низ државата и блокади на високообразовни институции.

Средношколците носеа транспарент „Средношколците се сеќаваат“ и беше емитуван говор во кој тие потсетија на се што се случило во изминатите 10 месеци.

„Ќе продолжиме да стоиме исправено и доследно затоа што знаеме дека нашата борба е чиста и неопходна…ова е борба за нормален живот и иднината на сите нас…Полагаме бела роза, бидејќи образованието, културата и културно-историското наследство умираат, судството и правдата, слободните медиуми и вистината умираат. Полагаме бела роза, бидејќи луѓе се убиени“, беше наведено на протестот.

Обезбедувањето спречи инциденти бидејќи дел од колоната беше во близина на улицата и Пионирски парк во центарот на градот, каде што се наоѓаат шаторите на поддржувачите на властите. Во тој дел беа распоредени и припадници на жандармеријата.

Протести до доцна синоќа беа одржани и во Нови Сад, Алексинац,Вршац, Панчево, Суботица, Крагуевац, Ваљево, Чачак, Ниш…

Во Нови Сад доцна синоќа откако заврши протестот интервенираше полицијата.

Според нив – тие „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, намерно се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“. Полицијата соопшти дека еден полицаец е повреден откако кон нив било фрлано со разни предмети и дека три лица се приведени.

Во видеа објавени на социјални мрежи, како и според извештаи на новинари и сведоците, како што јавија српски медиуми –  се случило токму спротивното, полицијата фрлала шок бомби кон граѓаните, а потоа почнала да растерува луѓе низ околните улици.

22.20h bez razloga policija napala građane kod DiFa pic.twitter.com/I4LtF6AW8Q

— zarko bogosavljevic (@zarkobns) September 1, 2025

Непосредно пред полноќ, имаше извештаи дека полицијата применува сила врз граѓани и студенти без очигледна причина, и дека универзитетскиот кампус бил опкружен од бројни припадници на полицијата и жандармеријата.

Илјадници жители на Нови Сад мирно им оддадоа синоќа почит на жртвите од трагедијата.

Policija u Novom Sadu je ušla u kampus. pic.twitter.com/64ZtQwAKoE

— Razglas news (@razglasnews) September 1, 2025

Сите факултети во Нови Сад го осудија однесувањето на полицијата и „неразумната и непотребна употреба на сила“ во објави на Х. Медицински факултет објави: „Ударите во глава со палки нема да не натераат да заборавиме колку ви се крвави рацете!“ Затоа Нови Сад ги боли, затоа нас не мразат“, напишаа студентите.

Студентите на Факултетот за електроника напишаа, заедно со видеа од полициско насилство, „Полицијата од ДИФ на Нови Сад буквално почна да ги брка луѓето низ градот. Без причина. Целта е страв и ништо друго.“

Policija je sa novosadskog DIF-a krenula bukvalno da ganja ljude kroz grad.
Bez razloga.

Cilj je strah i ništa drugo. pic.twitter.com/g8I6b7PUXB

— Studenti Elektronskog fakulteta u Nišu u blokadi (@elfakublokadi) September 1, 2025

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад напишаа: „Вечерва, на 10 месеци од падот на настрешницата, откако граѓаните мирно оддадоа почит и се вратија во своите домови, жандармеријата без никаква причина ги нападна луѓето во близина на кампусот. Луѓето што шетаа по улиците беа нападнати со палки, многумина беа повредени и завршија во Ургентниот центар. Ова не е инцидент, ова е намерно измислено полициско насилство, оркестрирано токму на овој ден, како порака дека државата не простува сеќавање, достоинство или слобода“, беше објавено на Х.  ништо друго“.

Белград комеморативна прошетка Нови Сад полиција студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.