На седнина на градскиот Совет во Белград, донесена е одлука во скоро време да се започне со изградба на споменик на убиениот српски премиер Зорна Ѓинѓиќ.
Со одлуката не е прецизирано местото и времето кога ќе биде подигнат споменик. Инцијативата е на група советници од Демократската партија чиј претседател беше Ѓинѓиќ.
Зоран Ѓинѓиќ, прв демократски избран премиер на Србија по симувањето од власт на Слободан Милошевиќ беше убиен на 12 март 2003 година.