НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во безбедна зона сме, но треба да се подготвиме за евентуален нов бран, порача Петличковски

0
By Sashko on April 15, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мислам дека сега сме во многу безбедна зона и дека тука ќе останеме барем неколку месеци. Сепак, мора да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран на пандемијата“, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Тој вечерва во гостувањето на ТВ Телма посочи дека „сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но мора да бидеме внимателни затоа што не знаеме што ќе нѝ донесе есента“.

„Сега сме во еден многу помирен дел од пандемијата, не би рекол дека е зад нас. Мора да бидеме внимателни, не знаеме што ќе ни донесе есента, но мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму“, рече Петличковски.

Како што посочи, иако во моментот голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе лагодност прибегнуваат кон олабавување на мерките.

„Истото се случува и кај нас, со тоа што благодарение на големиот број прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини со месеци наназад. Затоа кај нас паралелно со олеснувањето на оптеретувањето на здравствениот систем се намалуваат и бројките“, додаде претседателот на Комисијата.

Тој напомена дека е потребна внимателност, односно да се подготвиме за евентуален нов бран.

„Ние не можеме да знаеме, не сме сигурни дали ќе има нов бран, но сепак мора да сме подготвени. Тоа значи дека ги зајакнуваме капацитетите за тестирање, преговараме да обезбедиме лекови кои во рана фаза на болеста многу помагаат за критичните болни и исто така ги организираме сместувачките капацитети. Но, сега е периодот кога може да здивнеме“, додаде Петличковски.

Тој информираше дека во моментот има вкупно околу 50-тина хоспитализирани ковид-пациенти во сите болници, во сите инфективни одделенија во државата, за разлика од над 2.000 колку што имаше во максимално лошите денови.

Петличковски изјави дека нема да се откажат од вакцинацијата и додаде оти тоа мора да се објасни на сите граѓани.

„Да знаат дека доколку дојде нов сенски бран, се појави нова варијанта, вакцинацијата нѝ е излезот. Не можеме да си дозволиме луксуз, да се инифицираме и да видиме како ќе поминеме. Во најава има од сериозните компании некои комбинации на нови вакцини, кои се очекуваат од јуни натаму и ќе покриваат повеќе различни варијанти, значи ќе бидат ефикасни за создавање имунитет кон различни варијанти на вирусот. Кон оригиналната, плус омикрон и тоа би требало да биде една подобра опција. Ги следиме новините на пазарот и не се откажуваме од вакцинацијата“, рече Петличковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.