Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во БИХ засега мирно- по улиците неред како после војна

0
By Нова ТВ on February 8, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашните немири во Сараево денеска е мирно. Пожарникарите 15 часа ги гасеа запалените згради на претставништвата низ Босна и Херцеговина.

Како што јавуваат тамошните медиуми сите противпожарни апарати се празни и се поставува прашањето како и со што ќе се угасне некој пожар ако биде запален денеска.

Демонстрантите зад себе оставија искршени реклами, трафики, трамвајски стојалишта, телефонски говорници- градот е покриен со стакло.

Според податоците на медицинските установи во Сараево биле повредени 156 лица, од нив 90 полицајци и 66 цивили. Агенцијата Тањуг јавува за повредени 144 полицајци од кои 12 потешко.

Непроценлива штета е направена во Сараево, каде гореше Архивот на БИХ, кој се наоѓа во зградата на Претставништвото на БИХ, каде се уништени важни историски документи, посебно архивскиот материјал од периодот на австроунгарското владеење 1878-1918.

Во Тузла беше запалена зградаа на кантоналната влада и зградата на општината. Демонстрантите по масовните протести во вечерните часови продлжија да се движат низ градот при што кршеа излози и разни објекти.

Во Мостар е запалена зградата на Владата на Херцеговачко-неретванскиот кантон, зградата на градското собрание и просториите на Хрватската демократска заедница на БИХ.

Во Зеница и Бихаќ демонстрантите ги запалија згрдите на кантоналните влади. Во Брчко вчера незадоволните граѓани го заробија но подоцна го пуштија градоначалникот Анте Домиќ. Повредени се десетина полицајци и граѓани, еден новинар е однесен во болница, кој бил погоден со камен во главата.

Вчера оставка си поднесе Владата на Зеничко-добојскиот кантон, како и премиерот на Тузланскиот кантон, Сеад Чаишевиќ.

Протестите почнаа во средата во Тузла поради тешката економска и социјална ситуација, по што се проширија низ другите градови и прераснаа во насилство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

ВЕСТИ November 15, 2025

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е…

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.