Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Битола инсулините за овој месец завршија

0
By Менче Атанасова Точи on March 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е шалтерот на единствената Инсулинската аптека во болницата во Битола. Според известувањето на вратата од вчера во Битола, инсулин од Новомиск нема, завршил за овој месец. Пациентите велат дека не само што нема инсулин за месец март, туку овој неопходен лек го немало и претходниот месец. Инсулинот Хималог исто така го немало цел месец.

„Секој месец има недостаток и на други инсулини , и тоа најмалку по 2-3 недели, така што пациентите се приморани за да преживеат да се префрлаат на други типови на инсулини , што резултира со тотален дисбаланс на гликемијата . Има и мали дечиња од 3 и 5 години , за кои не може навремено да обезбеди соодветна инсулинска терапија .Ова е нечовечко, се е директно загрозување на правото на пациентот , на неговото основно право на живот . Ова е најтешкиот вид на дискриминација према нас , пациентите, кои и онака сме дискриминирани со оваа тешка болест . Јас го уверувам министерот дека ваквите бирократски рестрикции не се во склад со Милениумските цели на Обединетите нации , ниту во склад со Декларацијата на СЗО(Светската Здравствена Организација) за здравјето на светсктата популација , ниту пак со Европската стратегија на СЗО , ниту со Европската стратегија за здравје и развој на децата и младите на СЗО .Овие заштеди од буџетот што ги прави министерот , со камата ќе стигнат на наплата тогаш кога за неколку години на ризичните групи на дијабетичари ќе им започнат компликациите како резултат на несредената гликемија , што нема само да ја носат личната трагедија тие самите , туку сето ова ќе има пошироки општествени и социјални импликации“, објави на својот Фејсбук профил Ели Секуловска.

Од двете здруженија „Баланс МК“ и „БУВ“ велат дека инсулинската криза трае веќе две години, а пациентите постојано с е жалат бидејќи мора да им се менува инсулинот во ситуиација кога Министерството штеди на инсулини. Не само во Битола инсулини нема и во другите градови на државата.

„Веќе две години се штеди на сметка на луѓето со дијабетес. Постојано с е кратат нарачките на аналогни инсулини за сметка на хуманите кои се поефтини и се постара генерација. Луѓето се приморани да се префралаат од еден на друг инсулин што резултира со многу негативни ефекти“, изјави за НОВА Цвете Серафимовски.

Од Министерството за здравство никогаш не признаа дека во државата има инсулинска криза и дека се штеди на сметка на луѓето со дијабетес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.