Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Брисел денеска ќе биде презентиран акциски пан за справување со зголемениот бран мигранти преку балканската рута

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска ќе претстави пакет мерки за справување со миграцискиот прилив долж западно балканската рута. Оваа најава доаѓа во пресрет на самитот на ЕУ и Западен Балкан закажан за утре во Тирана како и на седницата на Советот за правда и внатрешни работи закажана за четврток.

Овој пакет мерки уследи по анализата дека оваа година има пораст на миграцијата преку рутата на Западен Балкан – особено преку Србија –  при што мигрантите потоа преминуваат во ЕУ. Според податоците на Фронтекс, граничната агенција на ЕУ, 281.000 премини без документи се случиле од Балканот во текот на првите 10 месеци од 2022 година — што е 77 отсто зголемување од истиот период во 2021 година. Австрија, Белгија и Германија се главните дестимнации на овој мигранстки бран.

Акцискиот план на Јохансон кој ќе биде претставен денеска во Брисел се состои од пет точки.

— Зајакнување на граничното управување долж трасата. Земјите од Западен Балкан ќе бидат охрабрени дасоработуваат поблиску со Фронтекс во овој поглед.

— Обезбедување брз пристап до капацитетите за азил и поддршка на капацитетот за прием во земјите на транзит.

– Борба против криумчарење мигранти за која детали беа договорени на состанокот на Јохансон со министрите за внатрешни работи во регионот кој се одржа на 3 ноември, каде што беше започнато оперативно партнерство против организираните мрежи за криумчарење на мигранти.

— Обезбедување на трети земји да се придржуваат до договорите за реадмисија и враќање.

— Политика за усогласување на визите при што се очекува Комисијата да обезбеди ажурирање за ветувањето на Србија дека ќе ја усогласи својата визна политика со онаа на ЕУ кога станува збор за трети земји.

ЕУ е соочена со најголемата миграциска и азилантска криза од Втората светска војна. Околу 5,3 милиони луѓе побарале заштита во ЕУ оваа година, вклучително и 4,7 милиони регистрации за привремена заштита од страна на Украинците кои бегаат од руската агресија во нивната земја.

Борјан Јовановски

Акциски план мигрантска криза Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.