Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Брисел СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ закажаа нова средба во април

0
By Светлана Јовановска on March 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успехот на денешната средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, што ја олеснуваше европска парламентарна “тројка”, е во тоа што двете македонски партии се договориле да се видат повторно. Точниот датум не е утврден, но со оглед на почетокот на Велигденските празници, прво во европските земја а една недела потоа и во Македонија, се очекува дека таа средба ќе се одржи во втората половина на април.

Но ставовите на двете партии не се доближиле ни за милиметар на оваа средба. Од неа стаса само штуро соопштение од тројцата европски пратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, во кое се вели дека “сите учесници се договориле дека разговорите ќе продолжат”.

На почетокот утринава се одржале одвоени средби, прво помеѓу СДСМ и европската “тројка” а потоа на ред дошол ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата ја претставува Радмила Шеќеринска, потпретседателка на партијата заедно со Рената Десковска и Виктор Габер а од страната на ВМРО-ДПМНЕ тука се министрите за надворешни работи и здравство Никола Попоски и Никола Тодоров како и пратеникот Илија Димовски.

Во текот на попладнето сите учесници разговарале на иста маса. Сите заклучија дека нова средба ќе има а се договориле исто така дека по оваа прва средба нема да се даваат изјави за јавноста.

Според она што НОВА успеа да го дознае, европската “тројка” не упатила барања до СДСМ да се престане со објавување на “бомбите” ниту пак имало решително барање за враќање на опозициската партија во Собранието. Не е тајна дека европските олеснувачи би сакале овие разговори, кои се уште не можат да се наречат преговори, да можат да се одржуваат во Скопје токму во Собранието, но засега услови за тоа нема.

СДСМ смета дека патот за нејзино враќање во Собранието ќе се отвори кога владеачката партија ќе одлучи да преземе некаков вид одговорност за снимките што ги објавува опозициската партија. Тоа е и ставот на СДСМ кој партијата го изнесе и денес откако истиот став го кажа пред една недела на семинарот за политичка култура кој се одржа исто така во Брисел.

Но, ВМРО-ДПМНЕ засега одбива да преземе одговорност и да понуди оставка која би овозможила почеток на политички дијалог и врќање на СДСМ во Собранието. Според владеачката партија, политичката борба треба да се води со работење во институциите, што накусо значи дека оваа партија бара враќање на СДСМ во Собранието. Според ВМРО-ДПМНЕ ова е начин да стави крај на кризата.

Овие две спротивставени позиции денес во Брисел не успеаа да се доближат. Но, европските олеснувачи можеа “во живо” ги ислушаат претставниците на македонските партии што ќе им дозволи да оформат попрецизен став за целата ситуација.

Според европската “тројка”, двете партии треба да се фокусираат на европската иднина на земјата и препораката за преговори која не смее да се загуби и околу сето тоа да најдат заеднички терен и политичко решение. Ваквото решение потоа треба да обезбеди простор за независно делување на правдата и решавање на сите спорни точки.

Европјаните успеаа да ги натераат двете страни да ветат дека ќе се потрудат овој процес да биде успешен во понатамошните преговори или разговори. Новите априлски рунди би требало да овозможат конкретен договор кој би ја отворил портата и за политички дијалог и за набљудување на судската истрага и процесите кои се најавени. Истовремено, Македонија нема да може да ги избегне и дискусиите за преодна или техничка влада.

Доколку не се дојде до успешен и конструктивен разговор од кој би излегле заеднички заклучоци за начинот на решавање на оваа политика криза, состојбата во Македонија може да се влоши, предупредуваат европски дипломати.

Европските олеснувачи ја имаат целосната поддршка на земјите членки на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.