На страницата на Бирото за јавни набавки осамна нов оглас – овој пат се бараат понуди за решенија за изработка на основен проект за изградба на плоштад ВМРО во централното градско подрачје.
Од градот Скопје велат дека станува збор за просторот позади Беко кој по изградбата на катната гаража и другите планирани и тековни градежни активности би требало да се уреди.
-Откако се ќе се изгради на просторот треба да му се даде содржина, да се оплемени, да се уреди, велат за НОВА од службата за односи со јавност во градот Скопје.
Велат дека за детали се уште е рано, единствено е познато името на новиот плоштад – ВМРО.