Гласањето на лицата со Ковид-19 и лицата во самоизолација во општина Чаир сè уште не е започнато, јавува ТВ 21.
Причината за доцнењето е проверката на материјалите за гласање од страна на членовите на изборната комисија.
Одложувањето предизвика револт кај останатите членови, како што јавува 21, затоа што чекале за започнување на гласањето од 10 часот наутро.