Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во четврток штрајк на аеродромот во Загреб

0
By Нова ТВ on November 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Господа, нема да се оди” е мотото според кое овој четврток вработените на аеродромот во Загреб почнуваат штрајк. Синдикатите се надеваат дека 90 отсто од вработените ќе престанат со работа.

“Од утре во 10 часот комерцијалните летови ќе бидат прекинати а исклучок се вонредните случаеви”, изјави претставник на синдикатот. Тој им се извини на патниците кои ќе имаат проблеми поради штрајкот но побара од нив да им дадат поддршка на штрајкувачите.

Само една третина од летовите за четврток ќе се одвиваат нормално додека остатокот од летовите на разни авиокомпании ќе имаат измени или ќе бидат укинати за тој ден. Дел од летовите за патниците кои главно одат во Европа ќе бидат пренасочени со автобус кон аеродромот во Сплит. Штрајкот ќе трае до полноќ.

Списокот на летовите кои се планирани, изменети или откажани, се наоѓаат на интернет страната www.croatiaairlines.hr. Изменетиот ред на летање за петок е веќе објавен исто така на оваа страна.

Патниците кои карта купиле до денес ќе можат да побараат бесплатна замена за некој друг лет на Кроација Еарлајнс за истата линија во рок од 6 месеци или да побараат враќање на парите.

Цел на штрајкот се подобрите работни услови и одредби од Законот за труд и колективни договори а штрајкувачите стравуваат дека нивните права нема да бидат почитувани откако аеродоромот ќе му биде даден на концесионер, една француска фирма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.