Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во четврток во МКЦ: Ревија на тема кубизмот како деконструктивна форма во модата

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кубизмот ни овозмножува од различни перспективи да имаме различна форма, посебно кога е во движење, а само со модата оваа уметност може да биде во движење за задоволството на набљудувачот да биде поголемо. Модата повеќе се создава за оној кој ја гледа, кој ја оценува, дава критика. Додека, пак, конзумерот треба да ја чувствува и секогаш да има потреба од промена, зoшто таа самата секојдневно се менува во правец на утре. Таа диктира, но иновативноста ја прави издржлива и безвременска. Уште од 20-тите, влијателноста на кубизмот во модата е практика, но сè уште, ова кубистичко движење овозможува повеќе – слојни интерпретации кои одговараат на авангардниот современизам.

„Почнувам од една минимална, чиста форма на кројка/конструкција која ја анализирам, подоцна ја деконструктивирам и повторно ја соединувам во ансамбл на тридемензионалност. Целата колекција содржи основни форми кои произлегуваат од човечкото тело и се трансформираат во геометриски форми кои имаат функционалност и се прилагодени на истото. Формата ја следи функцијата, слободен пресек на волумен и судир на повеќе форми во една. Сликата од Пикасо, „Госпоѓиците од Авињон“ е еден пример за инспирација на оваа колекција, четири голи жени насликани една до друга, секоја во различна позиција од другата и нивните тела насликани во делови“, вели дизајнерката Нела Тодоровска.

Таа кубизмот го спојува со модата од 20 години на минатиот век, односно, машката мода носена од жена.

„Во тоа време жена да носи панталони и тоа како не било опшествено прифатливо, се сметало за невкусно и обратно од тоа што е нормално. Прво почнале со панталони до колена, кои личеле на подпанталона. Се сметале за многу пријатни и функционални, се изјаснувале дека се добри за јавање, планинарење, тенис  и играње голф, за подоцна да почнат да ги носат и оние жени кои не практикуваат спорт. Хелмут Њутон во една од неговите фотосесии прикажува фотографии во кои ја доловува машкоста во жената. Тогаш и сега, облеката го идентификува човекот и неговата професија, психологијата се состои во модата како аксесоар на животен стил. Ненаситност и експериметирањето на модата доведува до една конфузност каде во денешно време е прифатливо машко да носи женска облека и обратно. Губење во граници и либералност на живот. Сега е времето во модата за кое што претходните генерации се обидувале да го сменат, а ние сега го живееме и е дел од нашето секојдневие“, додава Тодоровска.

Колекцијата содржи 20 целосни аутфити. Сите аутфити во колекцијата се двострани, носливи од лице и опачина. Имаат мултифункционалност и се носат на повеќе начини. Тие се носат од двата пола“, изјави дизајнерката. После претставувањето во МКЦ, Нела Тодоровска планира колекцијата да ја изложи и продава на шоу-румови во Белград, Букурешт и други места надвор од Македонија, а веќе сум е дел од лондонската платформа „NOT JUST A LABEL“. На ревијата колекцијата ќе биде дополнета со модни додатоци на брендот „House of Jupiter“ на Дафина Џепароска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.