НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во четврток Врховен ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

2
By Нова ТВ on September 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од почетокот на случајот „Пуч“ па до сега, се менуваа насоките во кои се движи целиот случај. Обвинителството овој случај го градело со самите искази кои Костовски ги давал пред да ја потпише спогодбата. Во првиот исказ воопшто не се споменати странски служби, за веќе во втората Костовски да каже дека претпоставува дека материјалите биле наменети за странски служби и веќе во третиот исказ, тој да биде сигурен дека материјалите од прислушуваните разговори треба да бидат предадени на странски служби

Во четврток, Врховниот суд на седница ќе одлучува за судбината на еден од двајцата најпознати свиркачи во Македонија, Ѕвонко Костовски, човекот без кого никогаш немаше да се дознае дека поранешната власт прислушува пола милион граѓани.

Костовски, сега е единствен обвинет во случајот „Пуч“ кој го отвори Јавното обвинителство под палка на поранешниот републички обвинител, Марко Зврлевски.

Костовски во тоа време вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање се товари дека по налог на Зоран Верушевски приклучувал броеви во опремата за прислушување, снимал, а потоа материјалите му ги предавал на Ѓорги Лазаревски (поранешен вработен во УБК, осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај) кој пак му ги давал на Верушевски (осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај).

Осомничен во овој случај беше и премиерот Зоран Заев, кој во тоа време беше лидер на опозицијата и последната адреса на која се испорачувале таканаречените бомби.

Како се градеше митот за странските служби и жолтото комбе

На почетокот, кога поранешниот премиер Никола Груевски за прв пат го презентираше овој случај, приказната за Пуч беше сосема поинаква од она што е денеска.
Груевски, во улога на премиер, јавен обвинител и министер за внатрешни работи, на неколку прес-конференции во Владата го образложи случајот „Пуч“ и рече дека странски служби кои формирале своја агентура во Македонија ја прислушувале пола држава.

„Од септември до ноември 2014 година, имав четири средби со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Првата беше на негово барање, а сите останати беа поврзани со првата. Тој на првата средба ми кажа дека итно бара техничка влада и дека странска разузнавачка служба го снабдила со снимени телефонски разговори со највисоки државни функционери, како што се претседателот, министри, пратеници, новинари и многу други“, изјави Груевски на 31 јануари 2015 година.

Кратко по оваа прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека на Груевски му рекол дека станува збор за странски служби, затоа што не сакал да ја загрози безбедноста на луѓето кои го ризикувале животот за снимените разговори да ги изнесат од УБК.

Додека Заев и Груевски држеа прес-конференции во јавноста, на 8 февруари беа уапсени Ѓорги Лазаревски и Ѕвонко Костовски, а откако СЈО го повлече обвинението за овој случај со образложение дека ова обвинение е во спротивност со доказите кои ги имаат за случаите „Таргет“ и „Тврдина“, сите обвинети освен Костовски беа ослободени од вината.

Костовски не можеше да биде ослободен затоа што веќе имаше склучено спогодба со обвинителството со која беше осуден на три години затвор. Пред да ја склучи спогодбата со обвинителството, Костовски дал три искази. Првиот на 8 февруари, вториот на 20 и последниот на 24 февруари. Интересно е дека во исказите кои ги давал Костовски во обвинителството пред да ја склучи спогодбата, а до кои дојде НОВА ТВ, во првиот исказ воопшто не се споменати странски служби, за веќе во втората Костовски да каже дека претпоставува дека материјалите биле наменети за странски служби и веќе во третиот исказ, тој да биде сигурен дека материјалите од прислушуваните разговори треба да бидат предадени на странски служби. Адвокатите со кои разговаравме, велат дека вакви случаи се многу чести кога обвинителството го наведува обвинетиот да каже тоа што нив им одговара, а обвинетиот под притисок да го надополнува и менува својот првичен исказ.

Еден ден по последниот исказ на Костовски, на 25 февруари, МВР одржа прес-конференција на која рече „со денешната пресуда за еден од осомничените почнала разврската на случајот ’Пуч’“.
Истиот ден на прес-конференција излезе и Груевски кој рече дека се чувствувал загрозен затоа што странски служби прислушувале. Тој тогаш истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци кои биле високопрофесионално обучени за такви дејства и дека Македонија била цел на прислушување за странска разузнавачка служба.

„Снимано било со тактичка опрема. Откако Зоран Заев упати закани кон мене, МВР ангажираше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу два километри, но, главно, се одвивала низ центарот на Скопје, околу државните институции“, рече Груевски на 25 февруари.

Тој додаде дека опремата за прислушување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот.

„Македонија била цел на прислушување од странска служба, а кон средината на 2014 година, за овие материјали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следи судска постапка Според досегашните сознанија кои ги добив од МВР, зад снимањето стои странска разузнавачка служба чиј главен соработник во Македонија е лицето З.В., кој развил своја агентурна мрежа во Македонија. Во неговиот лаптоп, покрај останатите работи, пронајдени се и транскрипти од телефонски разговори преведени на англиски, пред кои стои опис на имињата на лицата што го водат разговорот и нивните меѓусебни релации, а, исто така, во материјалите има и политичка анализа. Според овие информации и според други со кои располагаат институциите и кои се обезбедени во процесот, јасно е дека материјалот бил наменет за надворешни лица кои не го разбираат македонскиот јазик и кои не доволно добро ги знаат политичките и други јавни личности во Македонија“, рече Груевски на прес-конференција.

Напуштање на елементот „Странски служби“

По оваа прес-конференција со реакции излезе и меѓународната заедница, а посети од амбасадори во ВМРО-ДПМНЕ имаше речиси секој ден. По само неколку дена, на се уште ненапишан обвинителен акт, Груевски заборави дека мастермајндот на целата операција биле странски служби, па почна да го обвинува лидерот на опозицијата.

Во неколку прилози и текстови во медиумите кои отворено ги застапуваат политиките на тогашната владејачката партија можеше да се забележи напуштањето на тезата за „странските служби“, а во прилог на новата теза дека „сè е дело на Заев“.

„Зоран Заев стои зад целата операција прислушување?, Зад нелегалното прислушување стои Зоран Заев, а со цел насилно преземање на власта“, беа насловите на медиумите.

„Заев е целосно демаскиран пред домашната и странска јавност. Јавноста, освен неколку закоравени опозиционери, веќе сфати дека Заев стои зад целата операција со нелегално прислушување, кое е во интерес исклучиво на опозицијата и на странски елементи. Врв на лицемерието е тоа што Заев директно и намерно ја загрози приватноста на граѓаните од кои ја бараше и ќе ја бара довербата. Сите докази кои досега се собрани и кои МВР и Обвинителство ги имаат на располагање го потврдуваат ова“, пишува во текстот.

Во пресудата за Костовски не се понудени никакви докази 

Пресудата со која е осуден Костовски, кон крајот на минатата година пред Врховен суд ја осуди Специјалното јавно обвинителство. А дали Костовски кој е осуден како помагач ќе биде ослободен или пак судот ќе го врати да си ја издржи казната за дело кое СЈО го оцени како непостоечко и го затвори случајот јавноста ќе знае во четврток.

Барањето за заштита на законитоста СЈО го поднело за да се поништи пресудата за Костовски која според СЈО е незаконска.

Адвокатот Филип Медарски вели дека пресудата која е донесена не ги исполнува законските основи затоа што ги нема елементарните кривични дела, а во образложението на пресудата нема никаков доказ, Исто така како што вели Медарски, не може Костовски како помагач на кривично дело да биде осуден, а за главните сторители да нема пресуда.

СЈО кон средината на јануари го повлече обвинението за „Пуч“ бидејќи обвинителниот акт за овој предмет кој бил целосно различен од доказите со кои располага СЈО за случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Утре на НОВА ТВ читајте продолжение: Што пишува во спогодбата на Костовски и мислењето на Прибе

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.