Седницата на Државната изборна комисија започна со препирки околу тоа како да се расправа по приговорите за изборни нерегуларности. Судирот настана околу тоа дали да се одлучува по партии или по ред по саатници како што и пристигнувале приговорите.
Бедраин Ибраими, членот на изборната комисија од ДПА побара по приговорите да се одлучува партија по партија, без разлика на саатницата кога е пристигнат приговорот. Членот на ДУИ, Субхи Јакупи, пак, инсистираше ДИК приговорите да ги разгледува по саатници.
Ибраими, меѓудругото ги обвини ДУИ за фалсификат во Чаир и сериозни злоупотреби.
Во ДИК се пристигнати 428 приговори, од кои 373 се од СДСМ. Ако се земе во предвид темпото на работа и споровите околу методите како да се разгледуваат приговорите и по кој редослед, очекувањата се дека седницата ќе трае долго.