Претпладнево во водите на Црн Дрим во Струга се удари 23-годишно момче од кичевското село Пласница, откако скокнало од „Мостот на поезијата“.
Претпладнево, околу 11 часот во реката Црн Дрим во Струга се удави 23- годишно момче од селото Пласница- кичевско.
Како што информираат од СВР Охрид, откако момчето скокнало од Мостот на поезијата по 50 метри почнало да дава знаци на давење и да бара помош.
Безуспех завршиле обидите за помош од граѓаните.
Во тек е увид на местото на несреќата, а во текот на денот се очекува да биде извршена обдукција на телото.
Очевидци тврдат дека момчето најверојатно при скокот ја повредило главата и потоа се удавило.
Неговото тело било забележано од минувачите и капачите, кои ја повикале полицијата и итната медицинска помош, која констатирала смрт.
Момчето заедно со неговите родители било на одмор во Струга.