Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.
Според египетската телевизија „Ал-Кахера њуз“, разговорите почнале со дискусии за размена на заложници за палестински затвореници.
Египетските и катарските медијатори работат со двете страни за да воспостават механизам за ослободување на сите заложници и размена на палестински затвореници, јави „Ал-Кахера њуз“