Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во функција се ставаат електронски алки за издржување казна куќен затвор

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во функција се ставаат електронски алки за издржување казна куќен затвор, најави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Како што посочи на денешната прес-конференција, целта е да се намали пренатрупаноста во затворите ширум земјава, каде казна затвор издржуваат вкупно 2300 затвореници и 400 притвореници. Во моментов 60 лица се апликативни за добивање на електронски алки.

Пандов појасни дека алките се поврзани со ГПС систем и со централен софтвер за 24-часовен мониторинг преку нив ќе се следи движењето на затворениците, со, како што рече, прецизни гео-граници за движење, додека секое отстапување автоматски ќе биде евидентирано и сигнализирано.

Во моментов на мојата нога носам алка и ја тестираме дали работи. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка. Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, појасни Пандов.

Истакна дека во рамки на Управата за санкции формирано е одделение за електронски надзор кое ќе надгледува доколку затвореникот се оддалечи од периметарот. Пандов додаде дека процесот може да биде инициран со поднесување на барање од самиот затвореник, односно неговиот адвокат, како и од страна на затворот.

 Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици. Ако земеме предвид дека голем дел од затворениците се тешко болни, самото нивно носење во болница нѐ чини пари. Самото чување на тие затвореници во болниците ни троши ресурси. Затоа, тие затвореници отсега ќе можат да ја отслужуваат затворската казна во својот дом со алка на ногата, рече Пандов.

електронски алки куќен притвор Пандов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.