Во Хрватска гласови на изборите се купуваат за 200 до 400 куни објави Индекс. На денешните локални избори до 16 часот на гласање излегле 32,99 проценти од граѓаните со право на глас.
Најголем одзив има Личко-Сењската жупанија 39,40 а најмалку луѓе излегле да гласаат во Приморско-Горската и Копривничко-Крижевска жупанија 29,60 како и во Загреб каде својот глас го дале 30,81 процент од граѓаните.
Досега бројни неправилности се регистрирани во текот на изборниот процес, како што е непрофесиналност на избирачките одбори, недолично однесување на кандидатите и кршење на изборниот молк.
До ГОНГ кој го следи изборниот процес стигнале пријави од граѓани за два различни обида да се купат гласови за 200 до 400 куни.
Гласањето завршува во 19 часот, по што ќе се излезе со првичните резултати кои кандидати ќе ги обијат раководните места во оштините и во жупаниите во наредните четири години.