Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст

0
By Нова ТВ on March 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека неопходно е да има пилотирање за да може да се стави во функција, за да сме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи пет проценти или десет проценти да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот. Значи нашата цел е да имаме добар систем на којшто сите ќе му веруваат и никој нема да го оспорува, нагласи министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој во интервју во емисијата „360 стеоени“ на телевизија Алсат М истакна дека не е дилемата дали да го има гласањето со отпечаток или да го нема, туку дали се сите чекори неоходни и по препорака на меѓународните експерти на ИФЕС и на други организации и дали ќе успееме до локалните избори да ги реализираме сите чекори вклучувајќи го и пилотирањето на системот, за да сме сосема сигурни дека на денот на изборите нема да се случат крупни проблеми.

– Значи имаме и нешто што е ставено во законот, одредба ставена во законот за ваков систем, меѓутоа сме виделе често дека одредбите не се доволни сами по себе, тие треба да се операционализираат. Работната група на ДИК заедно со Министерството за правда состави спецификација по извршени консултации со МВР. Состави детални норми поврзани со реалцизаија на оваа идеја за отпечаток со прст.

Има една спорна точка која што се уште не е расчистена и јас верувам дека идната недела ќе ја расчистиме, а тоа е која ќе биде алтернативата за оние избирачки места кадешто нема да може да се употребат времено или цел ден на гласањето машините за отпечаток од прст, дали да се сопре гласањето па да се повтори или пак да има алтернатива за со прскање со спреј. Во случај кога ќе се појават проблеми. Инаку нема дилеми околу тоа, потенцираше министерот за правда во интервјуто.

Тој, на прашањето  дали базата на отпечатоци којашто ќе се користи како референтна за споредување ќе биде локално присутна на компијутери во гласачкото место или ќе треба интерент врска за да се поврзува, одговори дека смета оти секаде нема да може со интернет врска.

– Мислам дека нема да може со интернет врска секаде, така што ќе мора да биде локално присутна базата, меѓутоа за таа база да се пренесе потребна е посебна процедура и посебен софтвер од МВР за која што е потребна набавка за да можат да го реализираат тоа. Бидејќи вака како што е сега не можат да направат трансфер на целата граѓанска база до ДИК. Без законска основа и без процедура за софтвер, рече Маричиќ.

Околу спроведувањето на пописот тој истакна дека е веќе отфрлено „неспроведувањето“ и оти пописот веќе започна за дијаспората и за определени категории на граѓани, а од 1 април ќе започне за сите.

Во однос на тоа што ќе се случи ако продолжи да расте трендот на новозаболени од Ковид-19, Маричиќ посочи дека ако тоа се случи ќе ја чекаат препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство.

– Ако продолжи ќе ја чекаме препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство дека има основа за таков нешто. До тогаш, ние заедно со Државниот завод за статистика ги замоливме и тие изработија протокол за спороведување на пописот по криитериуми соодветни на пандемијата и мислам дека може да се изведе пописот и брзо и ефикасно и безбедно. Секое одлоагање може само да ја враќа политизацијата на пописот и јас мислам дека сите политички партии ја сфатија важноста на пописот, освен можеби Левица и дека сите ќе придонесат кон тоа граѓаните да се попишат, да имаме реална слика, рече Маричиќ.

Околу тоа која бројка ќе биде релеванта за процентуалната застапеност, дали процентот на оние што ќе бидат резиденти или процентот на вкупното население, односно на државјаните, тој нагласи дека дефинитвно ќе биде релевантна на државјаните.

– За општините не можам да кажам, тоа треба да видиме со Завод за статистика, меѓутоа во целина апсолутно ќе важат државјаните, тука нема дилеми. Тие бројки ќе бидат релевантни и за правичната застапеност во институциите, посочи министерот за правда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.