Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јуни политички сигнал од ЕУ за старт на преговорите во декември

0
By Соња Петрушевска on May 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата очекува во јуни да добие политички сигнал, а во декември да започнат преговорите со Унијата- кажа денеска Бојан Маричиќ, советник на премиерот Заев, на конференцијата „Поглавје 23: Македонско сидро или едро?“.

„Како Влада очекуваме во јуни да добиеме политички сигнал по што ќе треба да се изготви преговарачката рамка во која ќе се прецизира и датумот за старт на преговорите, а која ќе биде усвоена во септември или во октомври. Во декември ќе се одржи првата меѓувладината конференција за формален почеток на преговорите“ рече Маричиќ.

Преговорите ќе почнат со Поглавјето 23 за судските реформи, борбата против корупцијата и почитувањето на човековите права, области за кои Владата смета дека направиле и повеќе од што можело.

„ Антикорупциската комисија 5 години беше невидлива – сега имаме состав на комисијата кој не штеди никого, донесени се сите закони за реформи во безбедносниот сектор и судскиот систем“, кажа Маричиќ.

Сетот закони поврзани со судството и Судскиот совет добија позитивно мислење од Венецијанската комисија, но сега е поважно како ќе се спроведуваат.

Симонида Кацaрска од ЕПИ оценува дека земјава е подготвена за старт на преговорите за Поглавјето 23.

„Таа чаша секогаш можеме да ја гледаме како полупразна или полуполна. Несомнено дека имаме препорака од 2009 која беше замрзната. Нашата усогласеност со законите на ЕУ е на исто ниво со Србија и Црна Гора кои веќе преговараат. Ние имаме досие на соработка со ЕУ кое е многу подолго и ако погледнеме, нашата земја би била една од подобрите со кои би се започнале преговорите, со сите недостатоци  во однос на имплементацијата на законите и недостатоците кои ги нотираше експертската група на Прибе. Ние преговорите не ги гледаме како крај – цел за себе туку како процес кој може да и помогне на земјата во целта на членството кое несомнено ќе биде по долго време“, рече Кацарска.

Реформските закони не гарантираат реформирани судии

Новите закони за судии, за Судскиот совет, за Јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители се реформски, но дали гарантираат независно судство и обвинителство –  посебно кога нив треба да ги спроведуваат судии и обвинители за кои се покренати постапки за незаконско работење, кои се без завршница.

Ниту една постапка за судиите кои беа посочени дека го злоупотребувале АКМИС системот не е завршена, а само  парично беа казнети обвинителите кои не извршија увид во Собранието по настаните од 27 април.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска кажа дека ја поддржува идејата за ветинг на обвинителите – но напоменува дека за тоа треба да се најде законска рамка.

„Треба да се изнајде форма во Обвинителството да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни, независни, кои функцијата на обвинител ќе ја извршуваат согласно професијата и се лојални само на Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Во постапка е донесувањето на новиот Закон за јавното обвинителство и Законот за советот на јавни обвинители каде се предвидени и проширени основите за одговоност на јавните обвинители, но за првпат се предвидени и основи за отповикување, односно одговорност на членовите на Советот на јавните обвинители“, кажа Јовески по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР.

Идејата за ветинг на судиите пред извесно време кажа дека  ја поддржа и претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Година ипол по скандалозните злоупотреби со АКМИС системот – не е утврдена одговорност кај ниту еден судија. Судскиот совет кој во декември 2017 година го доби Извештајот од независната работа група за тоа како се делеле предмети кај подобни судии се уште тактизира. За злоупотребите на АКМИС системот – постапка се води и во Јавното обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска на прашање на НОВА, зошто толку долго траат постапките за судиите, кажа дека очекува наскоро да има завршница.

„Истражните постапки не траат кратко,  треба да се соберат сериозни докази. Мислам дека има сериозен напредок кој ќе резултира со отворање на случај во најскоро време“ кажа Дескоска.

Дескоска исто така напомена дека контролата што била направена во шест судови во земјата покажала дека нема злоупотреба на електронскиот систем за доделување на предмети.

„Лани извештајот покажа дека во изминатиот педиод имало бројни нерегуларности и злоупотреба на системот. Годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа претходно, тоа значи дека се почитуваат правилата на АКМИС распределбата на случаите, што покажува дека тоа што го ставивме во законската рамка како основ за разрешување судии и претседатели на судови, доколку нешто се случи надвор од АКМИС, дава ефекти.

Сега ниту судијата може да земе, ниту претседателот да даде на рака предмет надвор од автоматизираниот систем“ рече Дескоска.

Со новиот Закон за судови, поради злоупотреби на АКМИС системот, претседател  на Судот ќе може да биде и разрешен – што досега не беше можно.

Амнестијата на судиите кои многу ретко се повикуваат на одговорност е нотирано и во Извештајот во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет .

„Иако до Судскиот совет уште во 2017 година беше доставен Извештајот за употреба на АКМИС не се видливи преземени дејствија од Судскиот совет, со цел утврдување и отстранување на неправилности. Ова е показател за недоволна ефикасност и негативно се одразува врз независноста на судиите“.

Исто така Судскиот совет не презема ниту едно дејство за заштита на независноста на судството, а поврзано со судиите кои во Извештај на СЈО беа јавно, со име и презеиме посочени дека ја извршувале судкиската функција без морален интегритет“, пишува во Извештајот на ЕПИ.

СЈО директно посочи четворица судии кои работеле по нарачки на власта

Генерален заклучок на Комисијата што пред две години ја формираше Министерството беше дека во Основниот суд Скопје 1 и Врховниот суд спротивно на законот, наместо компјутерски, судските предмети ги делеле на рака.

„Во текот на увидот в.д. претседателот Стојанче Рибарев извести дека во Судот постои рачна распределба на предмети. При заведување на предметите што биле во надлежност на судиите на претходна постапка и на кривичен совет во одделите кривично полнолетни и организиран криминал не се користел АКМИС системот, не биле подесени параметрите за автоматска распределба на предметите во уписниците за одделни предмети, а распределбата на предметите се вршела рачно, за која претседаталот Рибарев ја нарекол „двоен АКМИС“, пишуваше во Извештајот на независната работна група.

Невладините сега барааат и ревизија и унапредување на АКМИС системот затоа што постојат различни бројки во Судскиот совет, Врховниот суд и Министерството за правда во однос на податоците од АКМИС – потребно е и секој судија да има пристап да види како се прават распределби на предметите.

Од судските реформи останува да се усвои уште Законот за јавно обвинителство со кој се регулира и идното функционирање на СЈО, за кој Дескоска кажа дека се уште се чека да се обезбеди двотретинско мнозинство.

Извештајот на ЕК за напредокот треба да биде објавен на 29 мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.