Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во каква претседателска фотелја ќе седне Доналд Трамп

0
By Биљана Секуловска on January 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За четири дена, Доналд Трамп ќе ја преземе претседателската функција, по една од најпознатите бурни транзиции во модерната историја, поставувајќи ја сцената за веројатно тежок период на драматични промени, партиска огорченост и непредвидливи резултати, анализира Си-Ен-Ен.

Трамп ќе седне на моќната политичка фотелја со далеку помал рејтинг од неговите претходници,  додека мнозинството Американците имаат дилеми за неговата способност да се справи со работата.

Тој е во војна со националните разузнавачки агенции, има дисфункционални односи со медиумите, се бори со тврдењата дека е премногу опуштен со Русија и ги отфрла конвенционалните етички стандарди за претседател кој е пред стапување на функцијата.

Кина го предупреди за промена на политиката во врска со Тајван, додека Мексико се закани со одмазда доколку Трамп наметне данок на  границата.

Републиканецот Џон Луис, едeн од најпроминентните демократи, го стави под знак прашање  легитимитетот на претседателството на Трамп, но за возврат, Трамп објави на Твитер дека Џон Луис, кој е  икона на граѓанските права, е “само зборување” и дека “нема акција.”

Трамп ја помина транзицијата со водење на лична одмазда која ја објавуваше на Твитер,  обинувајќи ги Си–Ен-Ен за лошо новинарство, но и други медиумски организации, додека даваше поголем кредибилитет на изјавите на Русија и на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, од оние на американските разузнавачки агенции.

Но, ако Трамп се покаже вешт во справувањето со претседателството, можно е неговиот рејтинг брзо да се зголеми.

За поддржувачите на Трамп, кои го испратија во Вашингтон за темелно да ја демонтира политичката класа, детонацијата кон Мерил Стрип на Твитер, треснувањето на новинарите, пркосењето на разузнавачкиот естаблишмент и игнорирањето на конвенциите за избегнување на судир на интереси- сето тоа и не е проблематично.

Кои се евентуалните проблеми пред Трамп

Сепак, новоизбраниот претседател може да има идни проблеми кои би можеле да се вратат и да го прогонуваат подоцна во неговата администрација.

Етичките адвокати ја осудија неговата одлука да не ја почитува нормалната практика на претседатели да ги ставаат  во т.н blind trust своите средства- тoj тоа го стори во далеку помалку обем од она што е потребно. Трамп ќе го предаде водење на своите бизниси на неговите синови, Ерик и Доналд Џуниор, и вети дека нема да ги дискутираат овие бизниси. Но, тој ќе го задржи неговиот финансиски удел, што значи дека тој се уште може да го зајакне своето богатство индиректно, со одлуките што ќе ги направи како претседател.

Новоизбраниот претседател, исто така, ќе ја преземе функцијата обременет од демнењето на политичките предизвици во Конгресот.

Трамп изјави дека во минатата недела прес-конференција дека Obamacare треба да се укине и да се замени речиси истовремено, но, се уште нема работен план што може да помине Конгресот и осигура милиони луѓе кои ќе ја изгубат покриеноста со осигурањето, ако Obamacare се отфрли.

„НАТО е застарен.“ Оваа реченица не потекнува од рускиот претседател Владимир Путин или од севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун, пишува Дојче веле. Ја изговори новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Ваквата оценка е спротивна на она што го велат од негова страна одбраните министри за надворешни работи и за одбрана. Тие минатата недела, при сослушувањето во Сенатот, го тврдеа токму спротивното.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.