Двајцата преживеани патници во сообраќајната несреќа во Бугарија, од болницата во Софија веќе се префрлени на скопските Клиники. Тие беа примени во Ургентниот центар, а нивниот третман ќе продолжи на Клинката за пластична хирургија.
– Тука сме заради внуката која има 16 години. Таа има изгореници на раката и на челото, затоа е пластичната операција. Малку е во шок, ама ќе се стрпи, рече Реџеп Камберовски, роднина на преживеан патник.
Министерот за здравство Венко Филипче претходно изјави дека идната недела ќе пристигнат и другите преживеани патници од изгорениот автобус на „Беса Транс“.