Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој смета дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан.

Во текот на распитот, Палевски, кој претходно негираше каква било врска со насилни кривични дела, повторно изрази уверување дека целиот процес е политички прогон против него. Тој ја оспори важноста на некои од обвинителските докази и изнесе своја верзија на настаните од 22 ноември 2023 година, денот кога се случиле наводните кривични дејства.

Обвинителката го праша Палевски за сведок кој тој тврди дека го сретнал на тој ден, лице кое наводно се плашело од неговото куче, но Палевски не можеше да го именува тоа лице. Тој тврдеше дека сведокот бил физички нападнат од истражителите, иако не можеше да наведе конкретни детали за него.

Јас не можам да се сетам на името и презимето на лицето, но тоа лице постои и има сериозни последици, рече Палевски, додавајќи дека неговата одбрана планира правни чекори во врска со тоа.

Во однос на неговата комуникација на денот на настанот, Палевски негираше дека бил активен на телефонот до 13:14 часот. Според неговото објаснување, тој користел интернет преку Телеграм и се избегнувал јавни телефонски линии за да не биде незаконски прислушкуван.

Не одговарам на повици на обична линија затоа што не сакам да бидам незаконски прислушуван, користам исклучиво Телеграм, рече обвинетиот.

Според него, телефонската анализа не ги објаснува времињата на повиците и интернет комуникацијата, што ги прави обвинителските докази непотполни.

Еве како беше на 22.11.2023. Телефонскиот повик кој го спомнавте е на обична линија, ГСН разговор. Тој разговор во извештајот е поделен на 7 разговори, сите по 60 секунди, и после тоа нема базни станици во извештајот до 16:30 часот, изјави Палевски.

Тој исто така го објасни своето присуство во Халк Банка на 24 ноември, кога бил извршен обид за грабнување на Вања, при што негираше дека тој го смета за алиби.

Токму кога вие тврдите дека има неуспешен обид за грабнување на Вања, 24.11.2023 година, јас бев во истата банка каде јас не знаев дека правам алиби, туку со мојот печат морав лично да отидам во Халк банка на 24 исто така, за да потпишам заклучно и удрам печат за продажба на девизен прилив од Гугл Јутуб, 1000 евра и така јас дента имам намера, сум си направил алиби за 24 иако времето кога бев да потпишам заклучница не е 7:20 како вие тврдите, туку е после 10 часот. Токму затоа што не сум правел алиби на начин каков сум можел да направам, покажува нешто друго, а не намера да грабнуваш и убиваш, образложи тој.

Во однос на мотивот за убиството, Палевски ги негираше сите обвинувања, посочувајќи дека не постојат докази кои ја поткрепуваат тврдењата на обвинителството.

Тој истакна дека не е заинтересиран за користољубие, туку дека обвинението е нелогично и недокажано. Палевски дури и ги оспори обвинувањата дека имал контакт со семејството на Вања, посочувајќи дека и самиот Александар, поранешниот партнер на Зорица, бил веќе во посед на најскапиот имот.

Вашиот мотив во обвинението со кое ме обвинувате е нелогичен и недокажан затоа што не сте приближиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку е користољубие ќе имаше за детето засолниште прво, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, туку вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност, мотив зошто е сторено делото. Затоа и дадов пример со просечен криминален ум не разводи, не ме интересира тоа, јас во списите прочитав дека Александар веќе го поседува најскапиот имот на семејството станот во зградата Фонтана каде е грабнато детето кој има вредност преку 250000 евра и дека остатокот од имотот доколку биде убиена мајката на детето, а не детето, затоа што се малолетни, законски старател е токму Александар, во тој контекст беше кажано дека мотивот не само што не е докажан, туку тотално нелогичен за да биде користољубие и уцена, одговори тој.

Останатите обвинети и нивната одбрана немаа прашања за Палевски. Додека, Судот го праша во врска со магнетните резонанци, при што Палевски одговори дека тие снимки не биле наведени на списокот на одземени предмети, иако, како што рече, ги имал со себе кога патувал во Белград.

Судскиот процес продолжува со процесни решенија по кои треба да се утврдат термини за наредни рочишта на кои се очекуваат дополненија на доказната постапка.

Палчо убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.