Во скопското село Крушопек во тек е полициска акција за откривање на недозволена трговија со дрога. Во операцијата која е во тек запланет 1 килограм кокаин. Станува збор за меѓународна акција која македонската полиција ја спроведува во соработка со нивните колеги од Италија и Црна Гора.
Според информациите на НОВА акцијата е дел од поширока меѓународна операција против меѓународна мрежа за шверц на кокаин во која се вклучени и властите во Италија и Црна Гора а која е започната пред три месеци. Рутата по која се шверцувал кокаинот бил Црна Гора – Албанија, преку граничниот премин Ќафасан. Во Крушопек, кокаинот бил фатен скриен во камион кој увезувал банани.
Македонската полиција активностите во рамки на акцијата ги презема по насоки добиени од јавен обвинител и судија од претходна постапка.