Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Лојане постојано има по „неколку стотини азиланти“

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во репортажата од Лојане и Македонија, напишана за потребите на бриселска организација за нелегална миграција, авторот вели дека забележал присуство на „неколку стотини азиланти“.

Во центарот за азиланти во Скопје, за кое авторот вели дека е „град од сомнителен карактер“, состојбата е опишана како неподнослива за лицата што се сместени таму – од храна има само супа и тоа само во работните денови, децата спијат на под заедно со возрасните меѓу тенџериња за готвење, а по собите мириса на измет.
 
„Бев во Македонија, вршејќи истражување и интервјуирајќи ги нелегалните мигранти и лицата што бараат азил за извештај, кој се однесува на Западниот Балкан како транзитна тура за проток на мигранти од секаков вид на пат кон Европската унија. Заради тоа и тргнав на пат од Скопје , преку планините, за да го сретнам муфтијата од Лојане, село кое од границата е на растојание колку едно фрлање камен.

-Поздравувајќи го муфтијата, не можев, а да не помислам на Хаџи Мурат, воинот од Кавказ на Толстој, со неговата застрашувачки веѓи и заканувачка брада. Муфитјата беше малку преголем за да може да јава на коњ по падините, но, гледајќи го опкружен со неговите телохранители, меѓу кои имаше и ниски и високи и слаби и дебели, тој изгледаше како да ја држи состојбата под контрола,“ се вели во во репортажата од Лојане и пошироко од Македонија на Бенедикт Колериџ, истражувач на политики од Језуитскиот избеглички сервис за Европа со седиште во Брисел.

„Селото беше домаќин на неколку стотини нелегални мигранти и лица што бараат азил од секоја земја која може да се замисли – од Пакистан до Нигерија. Тие кампуваа во напуштени куќи и шупи, плаќајќи им кирија на мештаните и пребарувајќи ги кантите за ѓубре во потрага по храна. Секоја ноќ, големи групи заминуваа преку граница по планините за да бидат земенети со новопристигнати лица“, се вели натаму во репортажата и се додава дека малото село сега е во центарот на нелегалната миграциска рута кон Европската унија и се обидува да се справи со растечкиот број на мигранти.
 
Авторот потоа пишува и за сотојбата во центарот за азиланти во Скопје, каде што опишува затворска и тмурна атмосфера, дополнета со смрдеа и ѓубре на сите страни.

„Имиграциските притворски објекти во Скопје секогаш се полни со новопристигнати мигранти без документи – од Сирија, Пакистан, Авганистан и Нигерија. Во затворскиот и приемен центар мажи спијат на под насред тенџериња што се користат за готвење, а воздухот носи тешка смрдеа. Губре ги полни ходниците, мали деца се ставени во исти простории со сите други и живеат во соби каде што има остатоци од измет. Храната се состои од супа во работните денови, а ништо не им се дава на мигрантите за викендите,“ пишува понатаму во репортажата.


 
Во центарот за азиланти Колериџ интервјуирал две лица. Едниот, чие име е Бенедикт, исто како и на авторот,  ја напуштил Нигерија и одел пешки до Македонија – четири години пешачење. Неговите стапала биле прекриени со плускавци, исушени и покриени со здебелена кожа. Во текот на неговото патување тој бил киднапиран, па ослободен за пари, претепан и изгладнуван. Вториот, Гулам Абас, исто така бил киднапиран, во него било пукано трипати, а куршумите сѐ уште се наоѓаат во неговата рака, побегнал и изгубил секаков контакт со семејтвото.
 
„И така, приказните продолжуваат – зло, страдања и загуба,“ вели авторот.
 
Целата репортажа, која е објавена во језуитското австралиско списание Eurekastreet и во која се опишува и посетата на манастирот Свети Јован Бигорски, но која во ниеден момент не го губи фокусот од страдањата на нелегалните мигранти и нивната судбина, можете да ја најдете овде.

Автор: Benedict Coleridge

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.