Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Македонија ќе се градат или реконструираат два затвори

0
By Нова ТВ on May 27, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дирекцијата за вршење на санкциите при Mинистерството за правда објави тендер за изградба на затворскиот комплекс Тетово во Општина Брвеница.

Затворот треба да содржи административен блок од 1.560 м2, оддел за засилена супервизија од 640 м2, отворена секција од 1.280 м2 и гаражи и работилници со големина од 185 м2. Покрај ова, ќе се градат просторија за бојлер, цистерна за нафта, трафостаница, цистерна за вода, бунар, како и целата неопходна инфраструктура.

Заинтересираните компании, кои сакаат да учествуваат на тендерот, треба да достават гаранција во износ од 3 отсто од сумата што ја бараат, а најуспешниот учесник на тендерот за да го потпише договорот за изградба треба да достави банкарска гаранција во износ од 10 отсто од вредноста на зделката.

Изградбата ќе трае три години до 2015 година.

Од заинтересираните компании се бара да имале годишни приходи во износ од 3 милиони евра во секоја од изминатите три години, како и три завршени договори за градба во изминатите pet години со вредност не помала од 2,5 милиони евра.

Цената ќе влијае врз исходот од тендерот со 90 отсто, а гаранцијата со 10 отсто. Писмата за искажување интерес за учество на тендерот треба да се достават до 17 јуни во 14 часот.

Покрај ова, Дирекцијата за извршување на санкции во јануари објави и тендер за изградба и реконструкција на објектите во затворскиот комплекс на казнено-поправната установа „Идризово“ во скопска Гази Баба.

Овој тендер вклучуваше рушење на постоечки објекти со бруто површина од 10.400 метри квардатни, изградба на објекти во отворената секција во машкиот затвор со површина од 5.500 метри квадратни, како и изградба на објекти, исто во машкиот дел од затворот, но во полуотворената секција со големина од 4.650 метри квадратни. Исто така, ќе биде реконструирана административната зграда која има површина од 1.000 метри квадратни, како и реконструкција на постоечкиот ресторан со центарот за обука кој има површина од 500 метри квадратни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.