Најнељубезни во регионов се келнерите и врботените во продавниците, супермаркетите, бензинските пумпи и службениците во Босна и Херцеговина.
Словенија е на првото место по љубезност, на второто место е Хрватска, а потоа следат Србија, Македонија и Црна Гора, ова се резултатите од истражувањето што го спроведе хрватската компанија „Хераклеа“.
Тајни купувачи ги анализирале овие шест земји во периодот од 17-ти мај до 22-ри јуни, а посетиле 800 објекти – автосалони, туристичко-угостителски објекти, банки, продавници, кафулиња и слично.
„Во Србија најдобро ги утврдуваат потребите на потрошувачите, а во Босна и Херцеговина се најлоши. Во Црна Гора трговците најдобро ги познаваат производите кои ги нудат“, било наведено во истражувањето.
Најмногу дополнителни производи се нудат во Словенија, а најмалку во Македонија.
Благодарноста кон потрошувачите е најизразена во Хрватска, а на најниско ниво е во Македонија и во Црна Гора.