Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на фотографии на Соња Ставрова во Мала станица

0
By Нова ТВ on May 4, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 6.ти мај во Националната галерија на Македонија, Мала станица во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на Соња Ставрова, што е нејзин магистерски труд. Изложбата ќе биде поставена до  7.ми мај.

Цензура е тема која датира уште од п.н.е и се уште е актуелна. Секојдневно сме сведоци на различни облици на цензура. Почнувајќи од односот родител дете каде што се случува децата да бидат замолчувани па, се до моментот на зрелата сексуалност, постојат одредени општествено прифатливи граници на однесување кои доколку се преминат следува стигматизација.

„Целта со оваа изложба ми е да укажам на засегнатите никогаш да не престанат да се борат. Таргет група ми се младите луѓе кои допрва ќе се оформуваат како личности. Сакам јасно да укажам на правото на слобода на говор и искажување на мислење“, вели Соња Ставрова.

Во овој проект е опфатена темата цензура во нејзиното пошироко и потесно значење, како глобална тема од светски размери, но и како сегмент од конкретни примери на нашето секојдневие. Од појавата на цензурата, па се до нејзина имплементација во сајбер просторот, како и различни форми на цензура и неподготовеноста да се даде простор на добра критика ќе бидат во фокусот на моето истражување. Поентирање на заедничкиот проблем, негово рефлектирање на маргинализирани групи, фокусирање кон себе си и правото на слобода на говор како крајна цел.

„Цензурата како забрана и стега отвара простор за творење кој постојано и пркоси на контролата. Секое излегување надвор од границите нè носи во полето на креативноста каде се создаваат нови дела кои стремат кон нивна валоризација. Говорот на омраза и ограничувањата коишто ги туркаат жртвите на маргините, во исто време им даваат крилја кои се широко раширени во уметничката творба. Сметам дека уметниците се тие кои треба директно да алудираат на конкретниот проблем и никогаш да не дозволат да бидат цензурирани или самоцензурирани. Излегувањето од рамките на цензурата дава целосна слобода“, објаснува Соња Ставрова.

Таа вели дека глобалните општествени теми и темите кои директно влијаат на младиот човек секогаш се нејзина најголема инспирација и постојан извор на мотивација. Бидеќи тоа што нам ни се случува најблиску и најисцрпно можеме суштински да го прикажеме со нашите дела, а во истовреме да влијаеме на општествените промени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.