Маврово и Крушево утринава се најстудените места во Македонија. Според УХМР во Маврово се измерени -3 степени, а висината на снежната покривка изнесува 21 сантиметар, додека во Крушево температурата била -1 степен и има околу 9 сантиметри.
Во Лазарополе се измерени 0 степени, во Берово и Тополчани 1, во Претор и Крива Паланка 2, во Битола и Прилеп 3, во Охрид и Тетово 4, во Скопје, Штип и Виница 5, во Струмица и Демир Капија 6, Гевгелија.
Во последните 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија – 41 литар на метар квадратен, по што следува Маврово 27, Демир Капија со 26 литри, Струмица со 25, Пожар 24, Крушево 23, Пожаране со 22, Дојран и Битола со 14, Тополчани 13, Берово со 11, Тетово и Скопје Петровец 10, Штип 8.
За денеска се најавува облачно и посвежо време со локални и слаби врнежи од дожд, на планините од снег, особено во утринските часови. Покачување на дневните температури се најавува дури од четврток.