Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Москва награден младиот виолинист Александар Иванов

0
By Нова ТВ on April 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младиот виолинист Александар Иванов, учествуваше на Московскиот Меѓународен фестивал – конкурс „Открита Европа – открита планета“ во категоријата соло виолина и ја доби наградата Лауреат од втор степен.

Станува збор за исклучително значаен меѓународен фестивал – натпревар, каде што во жири комисијата седеа реномирани професори од Московскиот конзерваториум Чајковски. Претседател на жирито е реномираниот виолинист проф. М.А Готсдинер.

Како веќе етаблиран млад виолинист, беше комплетно поддржан од Министерството за култура, како претставник на Македонија на овој конкурс. Александар Иванов, инаку има 13 години. Во моментот е шеста година во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во класата на проф. Горан Муратовски.

Иванов е роден на 22 декември 2000 година во Скопје во едно од постарите музички семејства во Македонија. На седумгодишна возраст почнува да учи виолина во класата на Иле Темков. Денес тој е ученик во класата на Горан Муратовски. На деветгодишна возраст добива прва награда на Меѓународниот виолински конкурс во Србија и прва награда на државниот натпревар во Скопје, по кое што следат повеќе први награди за виолина, но и за солфеж.

Во 2013 година покрај првата државна награда тој е добитник и на две меѓународни награди во Ниш, Србија (втора) и на престижниот ” Волински конкурс кај проф. Nedyalka Simeonova” во Хасково, Бугарија (трета). Како солист настапува со камерниот оркестар „Arco“ во Скопје (2012) и два пати со Македонската филхармонија (2012, 2013). Во јуни 2013 година беше поканет да свири на првата манифестација ВИОЛИНЕ – ФЕСТ во рамките на Скопско лето. Три пати досега учествувал на летниот меѓународен семинар за виолина кај Ана и Олег Кондратенко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.