Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во НАТО, Македонија го премолчела својот став за украинската криза

0
By Светлана Јовановска on March 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овие моменти на политичка криза. кога Македонија треба да ги зацврстува своите пријателски односи со меѓународните организации, нашата земја во НАТО покажала колебање кога од нас се барала јасна поддршка за политиката на НАТО во Украина.

Ова се случи истиот ден, на 11 март, веднаш по средбата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со премиерот Никола Груевски каде што Македонија доби поддршка за своето членство во НАТО и покрај сите забелешки за недостигот на демократски реформи во земјата во НАТО ги дели со Европската унија.

На 11 март во Северно-атлантската алијанса се одржа средба, на барање на Украина, за воениот конфликт во оваа земја. На средбата учествувале сите земји членки и земји партнери вклучително и Македонија како и рускиот амбасадор во НАТО.

Средбата се одржа речиси една година по “нелегалната и нелегитимна анексија на Крим од страна на Русија, која НАТО сојузниците не ја признаваат”, се вели во соопштението на Алијансата.

Во дебатата која следела на оваа тема, Советот на евро-атлантското партнерство изразил длабока загриженост за конфликтот во источна Украина и побарал од Русија да ги повлече своите воени сили како и да ја повлече поддршката на сепаратистите.

Сите сојузници и партнери се согласиле дека само мирно решение може да биде трајно преку примена на договорот од Минск (кој предвидува пред се прекин на оган). Генералниот секретар на НАТО повикал на повлекување на тешкото оружје на транспарентен начин кој може да се провери. Сојузниците сметаат дека стабилноста на целиот евро-атлантски регион е доведена во прашање и сите ја осудија руската “нелегална анексија на Крим” и ја повикаа Москва да се повлече од Крим.

Овој повик на земјите членки го поддржаа и многу земји од југо-источна Европа како Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска или Бугарија со нивните обраќања на состанокот.

НОВА дознава дека Македонија, на овој затворен состанок, одлучила да не се вклучи во дебатата и не дала свој став за ова чувствително и значајно прашање.

Со тоа, вели нашиот извор, зборовите на Столтенбер, на средбата со Груевски дека “ние ја делиме визијата за евро-атлантска интеграција и определени сме да ве поддржуваме на вашиот пат кон членство во НАТО”, не добиле достоен одговор на македонска поддршка на ставовите на Алијансата.


Амбасадорот Зоран Дабиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Побаравме став и од македонската мисија во НАТО. Амбасадорот Зоран Дабиќ рече дека Македонија присуствувала на овој состанок во НАТО и покрај тоа што истиот ден се одржа и средбата помеѓу Столтнеберг и Груевски.

“За жал не би можел подлабоко да навлезам во содржинскиот дел на дискусијата имајќи го предвид затворениот карактер на состанокот.

Она што можам да го кажам е дека позицијата на Република Македонија по ова прашање е јасна и недвосмислена и е повторена во повеќе наврати. Настаните во Украина претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и ги поткопуваат принципите на меѓународното право за кои сите се залагаме. Република Македонија ги почитува независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и притоа повикува на целосна имплементација на Договорoт од Минск, како и потребата од изнаоѓање дипломатско решение за оваа криза”, вели за НОВА амбасадорот Дабиќ.

Според изворот на НОВА, Македонија не зела збор на средбата и ова молчење од македонска страна не е вистинскиот знак за македонската заложба за партнерски однос со Алијансата кој лесно може да биде протолкуван како колебање во поддршката која НАТО ја бара од своите партнери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.