Управниот суд денеска уважил 7 од вкупно 8 тужби од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ , со ова в недела пак ќе се гласа за градоначалник на Струга меѓу кандидатот на ДПА, Зијадин Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Владимир Кочоски.
Бројот на гласачите на избирачките места каде што ќе има прегласување е 7.530 избирачи, а разликата во гласовите од вториот круг е 5.500 повеќе гласа во корист на кадарот на ДПА.
Управниот суд утре ќе одлучува по 60 тужби на СДСМ, најмногу за Скопје, Бутел, Берово, Карбинци, Велес и скопската општина Ѓорче Петров.