Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во недела прегласувања во Центар, Ѓорче Петров и Струга

0
By Нова ТВ on April 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во недела на 21 април вториот круг од локалните избори ќе се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар.

Втор круг ќе има и на девет места во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Државната изборна комисија на синоќешната седница констатираше дека Управниот суд прифатил тужби на СДСМ за четири гласачки места од различни скопски општини, но таму нема да се прегласува бидејќи тоа нема да влијае на изборниот резултат за градоначалник на Скопје.

Во општина Центар на 29-те избирачки места, во избирачкиот список се запишани 22.939 гласачи. На овие гласачки места Жерновски освои 8.349 гласови, додека неговиот противкандидат Тодоровиќ има освоено 6.934. Разликата е 1.415 гласови во корист на Жерновски.

Во Струга на деветте 7.885 и во Ѓорче Петров на избирачкото место 2.588 во Волково се запишани 1.320 гласачи.

Инаку, по вториот круг, во општина Центар, Андреј Жерновски, кандидат на коалицијата „Сојуз за иднината“ имаше 981 глас повеќе од кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ.

Во Струга, пак, Зијадин Села од ДПА, поддржан и од ДУИ, доби 20.770 гласови, додека кандидатот на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочоски 15.276.

Во скопската општина Ѓорче Петров Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 11.934, а Александар Наумовски од коалицијата „Сојуз за иднината“ 10.995 гласачи.

Во Долнени ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори. Гласачите својот избор треба да го направат меѓу Боше Милошевски од коалицијата „За подобра Македонија“, кој во првиот повторен круг освои 2.172 гласа, и Абдула Бајрамоски од ДУИ, кој освои 2.057 гласови.

Во текот на следните денови треба да бидат испечатени гласачки ливчиња за повтореното гласање, како и за вториот круг во Долнени. До ОИК барање за гласање може да достават изнемоштените, болните и оние во домашен притвор.

На синоќешната седница ДИК го констатира престанокот на пратеничкиот мандат на Ванчо Апостолов и Стефче Трпковски, кои освоија градоначалнички мандат. На нивно место во Парламентот ќе влезат Христина Рунчева и Панче Дамески од коалицијата „За подобра Македонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.